strumica denes logo

Снег и студено време до среда, од сабота нов бран врнежи низ земјава!

Автор:

Датум:

јануари 20, 2026

Автор:

Датум:

јануари 20, 2026

Денес кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи, претежно од снег, информираат метеоролозите. Временските услови ќе бидат нестабилни, со пониски температури, особено во повисоките предели и на планините.

Во четврток времето ќе биде претежно облачно, без значителни врнежи, додека во петок се најавува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на утринска магла, што може да го отежне сообраќајот во раните часови.

Од сабота се очекува нова промена на времето. Најпрво во западните делови, а потоа и насекаде низ земјава, повторно ќе има врнежи од дожд и снег. Граѓаните се повикуваат на внимателност, особено возачите, поради можни лизгави коловози и намалена видливост.

  • Banner