strumica denes logo

СЛАВЧО ПОПОСКИ: СТРУМИЧАНИ ЌЕ МУ СЕ РАДУВААТ НА СНЕГОТ!

Автор:

Датум:

јануари 1, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јануари 1, 2019

Категории:

Струмица

До крајот на денов облачноста која ја имавме над Македонија ќе се намали но ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе засилува на интензитет, максималните температури ќе се искачат во интервалот од 2 до 11 степени.

Почнувајќи од утре во текот на денот, од североисточна Европа кон нашата територија ќе продира поларен воздушен бран и сето ова над Егејското Море ќе услови формирање на циклонски систем кој од утре попладне и навечер па во текот на следните денови ќе услови почести врнежи од снег па така во најголем дел од државава ќе се формира снежна покривка, на повисоките места и на планините истата ќе се зголеми дури и за над 30 сантиметри.

Температурите многу ќе опаднат и веќе од четврток максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени, уште постудено ќе биде во петок кога максимумот на температурите ќе се искачи во интервалот од -6 до 0 степени, минималните пак на некои места ќе се спуштат дури до -15 степени, на планинските места и до околу -20 степени, сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец кој ќе услови појава на снежни наноси.

Снег се очекува и во Струмица!

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица па затоа КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ и за пешаците и за возачите.

Подготви: Славчо Попоски