„СИТЕ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ“ ОБЈАВИЈА: ЕЛИ ПАНОВА ДА ГО ПОВИКА ЈО ДА ГО ИСПИТА ПОТКУПОТ ВО СВОИТЕ ПАРТИСКИ РЕДОВИ!

јуни 17, 2020

СИТЕ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ: 

Изненадува грижата на нашата сограѓанка Ели Панова за начинот на функционирање на уредно регистрирано здружение, но утре повеќе изнрнадува фактот што свесно или несвесно, повикувајќи го ЈО заборава да го повика и да се испита поткупот во своите партиски редови кој периодот наназад секојдневно постираа слики на социјалните мрежи од активности при доделување наводна помош обележана со партиски обележја.

(фотографија во прилог)

Ако Ели Панова е искрена пред граѓаните, треба да го повика истото ЈО да го испита поткупот во своите партиски редови!

Наместо Ели Панова, еве ние како здружение на граѓански активисти го повикуваме ЈО да постапи веднаш по ова наше барање и да ги испита наводите изнесени од Ели Панова, но и да го испита делењето наводна помош од страна на ДПМНЕ и што поскоро да излезе со информација до каде е постапката.

За подетални информации како и на кој начин функционира здружението, кој го финансира, како се плакаат фактури и сл. и стоиме на располагање на Ели Панова да обрати до нас и лично се информира.

Исто така стоиме на располагање на сите државни и јавни институции да ги проверат наодите од изнесените невистини на Ели Панова.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ