„СИТЕ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ“ И ПРАТЕНИКОТ КОСТА КОСТАДИНОВ ВТОР ДЕН СО АКТИВНОСТИ И ВОЛОНТИРАЊЕ ВО ПУНКТОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ВО СТРУМИЦА!

мај 20, 2021

„СИТЕ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ“ :

Почитувани денес волонтерите на здружението на “СИТЕ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ” и пратеникот Коста Костадинов во соработка со Општина Струмица веќе втор ден спроведуваат активности и волонтираат во пунктот за вакцинација во Струмица, со тоа што делиме вода и средства за дезинфекција, притоа помагаме и во воспоставување на редот за чекање за влез во салата за вакцинација.

Исто така подготуваме и проширување на активностите и во другите градови на државата каде што веќе имаме млади кои сакаат да се придружат и пристапат во оваа хуманитарна акција на нашето здружение, нема да застанаме ќе продолжиме и понатаму со нашите активности се со цел да помогнеме на нашите сограѓани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: