Шаховскиот клуб „Цареви Кули“ од Струмица минатата недела организираше турнир во шах помеѓу најмладите шахисти од Струмица и Гевгелија!

јуни 14, 2022

Шаховскиот клуб „Цареви Кули“ од Струмица минатата недела организираше турнир во шах помеѓу најмладите шахисти од Струмица и Гевгелија.

Турнирот се одржа на гостински терен, во Гевгелија, и сѐ помина во најдобар ред и беше одлична можност за младите таленти да ги вежбаат своите шаховски способности. Останува следната средба помеѓу двата тима да се одржи на домашен терен, во Струмица.

Следниот турнир во шах ќе се одржи во склоп на фестивалот Струмица Опен, каде се очекува да гостуваат шахисти и од други клубови од Македонија.

Моментално, во тек се подготовките за претстојното државно екипно првенство во шах, кој ќе се одржи при кајот на месец јули во Охрид и ќе трае четири дена. Им посакуваме среќа на нашите шахисти, па после овој натпревар и официјално ќе бидаме дел од Втората шаховска лига на Македонија, после долги години пауза.

За сите љубители на шахот, клубот е отворен и бесплатен понеделник, среда и петок. А, сите други активности може да ги следите на нивната фан страна: https://www.facebook.com/shahovskiklubcarevikuli

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ