strumica denes logo

Секретарот на општина Струмица Александар Оџаков ги презентираше надлежностите на Општината пред младите учесници во програмата „Учиме право“

Автор:

Датум:

јануари 25, 2023

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јануари 25, 2023

Категории:

Струмица

Секретарот на општина Струмица Александар Оџаков ги презентираше надлежностите на Општината пред младите учесници во програмата „Учиме право“ во рамките на предавањата што за средношколците ги организира Центарот за истражувања и анализи НОВУС од Струмица во соработка со Младински Образовен Форум, а одобрено од Министерство за образование и наука.

Програмата е насочена кон едукација на младите за човековите, граѓанските и политичките слободи и права, демократијата и концептот на владеење на правото, Европската Унија и процесот на евроинтеграција на Република Македонија. Истата е изградена врз основните принципи на неформалното образование и преку интерактивни методи на работа и интерактивни предавања кои се разликуваат од традиционалниот начин на предавање во училниците.

Струмица како отворена и транспарентна општина секогаш ги поддржува младите луѓе и нивните програми и проекти.