Секој трет граѓанин е сиромашен, пензионерите најзасегната категорија!

јануари 15, 2024

Околу 600 илјади граѓани во Македонија живеат во сиромаштија, 80 илјади од нив живеат во апсолутна сиромаштија, со по 80 денари на ден, нагласи Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, или како што потенцира тој, секој трет граѓанин е сиромашен.

– Власта не прави ништо да го реши проблемот систематски. Пензионерите се едни од најзасегнатите категории за пад во сиромаштија. Бројките говорат дека во Македонија 96.000 пензионери земаат пензии до 13.300 денари, 60.000 пензионери од 13.300 до 16.000 денари, а 86.000 пензионери од 16.000 до 22.000 денари. Сите овие три категории, а особено првата и втората, во која спаѓаат 156.000 пензионери, едвај врзуваат крај со крај. Тоа во голем број случаи се лица кои имаат потреба од лекови, што дополнително ги става во мизерија – нагласува Томовски.

Дополнително голем, според него, е процентот и на невработеноста.

– Тоа се луѓе кои не примаат никакви примања и најчесто се издржувани од некој член на семејството. Власта не направи ништо да ја поттикне економијата и да креира нови работни места. Единствено што поттикнува е иселувањето. Според просекот на ДЗС, годишниот просек на иселување е 12 илјади луѓе – вели Томовски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ