Се заменуваат старите прозорци и врати со нови во зградата на ЈП „ Струмица Гас“ и „Паркиралишта Струмица!

мај 8, 2020

Се подобрува енергетската ефикасност во зградата каде што се сместени Јавните претпријатија „Струмица Гас“ и „Паркиралишта Струмица“. Деновиве започна замената на старите прозорци и врати со нови.

На овој начин побрзо и полесно ќе се загрее просторот и значително ќе се намалат загубите на топлина, а со тоа ќе намали и потрошувачката на енергија.

Овој зафат се реализира со средства во износ од 1.200.000 денари, грант добиен по јавен повик од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – енергетска ефикасност, објавен од Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, а аплициран преку одделението за заштита на Животната средина во општина Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: