strumica denes logo

СЕ ОГЛАСИ ПЕТАР ЈАНКОВ: Струмица од нас очекува работа, многу работа, чесност и посветеност!

Автор:

Датум:

септември 3, 2025

Автор:

Датум:

септември 3, 2025

Петар Јанков, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани сограѓани, драги пријатели.

Со Одлука на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ на предлог на Претседателот Христијан Мицкоски доделена ми е честа и одговорноста да бидам Кандидат за Градоначалник на Општина Струмица на претстојните Локални Избори.

Им благодарам на членовите на ИК на ВМРО – ДПМНЕ и Лидерот на нашата Партија Христијан Мицкоски.

Голема благодарност до сите Вас за поддршката што ми ја давате во досегашниот период со надеж дека оваа поддршка и цврсто стегната рака на доверба ќе продолжи силно и убедливо.
Струмица на претстојните избори донесува важна, храбра и историска одлука за промени.

Струмица од нас очекува работа, многу работа, чесност и посветеност.

Да живее Струмица
Да живее Македонија