Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:
Почитувани сограѓани,
Здравјето е нашето најголемо богатство. Да го цениме и чуваме, сопственото, на нашите најблиски и на сите околу нас. Да покажеме поголема јавна свест и општествена одговорност почитувајќи ги препораките на релевантните институции за превенција од ширење на болеста КОВИД-19.
Јавното здравје е заедничка одговорност и секој од нас треба да го даде својот придонес со сериозно почитување на сите досегашни и денешните нови дополнителни препораки:
-Забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници – концерти, театри, кина, спортски сали, теретани.
-Кафетериите и рестораните да работат со скратено работно време до 18:00 часот и капацитетот внатре да биде преполовен, значи да се задржи дистанцата од метар и пол до два на луѓето кои што престојуваат таму.
-Да се откажат сите кино проекции, театарски претстави и концерти.
Се работи за нашето здравје. Да не се изложуваме на непотребни ризици.
Ги повикувам одговорните лица во јавниот и приватниот сектор, угостителите, сите заедно да преземе општествена одговорност и да покажеме дека здравјето ни е над се.