Се одржа 20-та седница на Советот на општина Струмица на која што беа усвоени предлог – одлуки и програми од повеќе области!

февруари 28, 2019

Зелено светло од советниците добија предлог – одлуките за утврдување на приоритет и сопствено учество во проектите за атмосферски канал во селото Габрово и за фаза 2 -електрична инсталација и опрема на улица со шеталиште во селото Градско Балдовци. Беа усвоени и анексот кон Спогодбата за начинот и условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници за општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село, Акциониот план во областа вработување, домување, образование и здравство за периодот 2019-2021 година, предлог – програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2019 година и Правилникот за организирање и реализација на струмички карневал.
На седницата на Советот беше усвоена и информацијата за состојбата на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Струмица за втората половина од минатата година

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: