Се изведуваат атмосферски сливници на патот кон Добрејци

април 17, 2018

Екипи од секторот за водовод и канализација при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работат на изведба на атмосферски сливници на патот од кружниот тек на излезот од градот кон населеното место Добрејци. Ќе бидат изведени два сливника со кои трајно ќе се реши проблемот со собирањето на атмосферската вода на овој дел од патот. По завршувањето на овој зафат, на истиот ставен втор слој асфалт од страна на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ