РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
Планирање на човечките ресурси и вработување
• Изготвување и спроведување на план за потребата на работна сила во Друштвото;
• Изработка на огласи и нивно објавување;
• Ажурирање на базата на апликанти согласно објавените огласи и поднесените апликации;
• Врши селекција на поднесените апликации согласно критериумите објавени во огласот и поднесува предлог листа на кандидати за интервју до предпоставениот;
• Подготовка на целокупната документација поврзана со вработувањата на кандидатите;
• Изработка на договори за вработување, пријави,одјави за и од работен однос.
Точност и ажурирање
• Водење евиденција за досиејата на вработените во Друштвото;
• Организирање на документацијата поврзана со работниот однос во комплетни досиеја за сите вработени во електрноска и физичка форма;
• Врши скенирање, копирање на потребната документација во службата;
• Одговара за точно и навремено доставување на изготвената документација до службите и вработените;
• Одговара на прашања од вработените во рамки на административниот дел;
• Асистенција во организирање на различни активности и настани од страна на службата;
• Изработка на документи врз основа на податоци софтверски програми или електронски бази на
податоци.
Планирање и буџет
• Во соработка со раководителот за човечки ресурси помага во подготвување и спроведување на годишниот план за потребите од човечки ресурси согласно добиените резултати од направените анализи.
Извештаи и анализи
• Подготвува извештаи на месечно ниво за објавени огласи, нови вработувања, одјави на вработени, упразнети работни места и ги доставува до претпоставениот.
Интерна соработка
• Соработува со сите сектори во друштвото и одржува состаноци со раководниот тим за да ги анализира и оценува потребите од развој на знаења и вештини во секторите со цел да се подобрат перформасите на вработените;
• Учествува во стручни консултации и работни состаноци во друштвото во врска со прашања од областа на обуката и развојот на нови вработени и на постојните вработени.
Законска регулатива и процедури
• Одлично познавање на законот за работни односи и останатата легислатива од трудовото право;
• Во договор со претпоставениот соработува со надлежни институции и организации во рамки на своите надлежности.
Управување со документација
• Изготвува решенија за годишен одмор, платено/ неплатено отсутство, потврди од работен однос, договори, анекси, временски решенија, решение за пензионирање, одлуки за раскинување на договор за вработување и ги ажурира податоците за вработените во софтверот;
• Редење селектирање и организирање на досиејата на вработените и целокупната документација во човечки ресурси.
Друго
• Врши и други задачи по налог на претпоставениот.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• Високо образование во областа на правните или економските науки;
• Познавање на трудовото законодавство;
• Познавање на MS Office пакет;
• Познавање на Англиски јазик;
• Најмалку 1 година работно искуство на исто или слично работно место.
ШТО НУДИМЕ:
• Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
• Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
• Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
• Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работа во дневна смена со следниот распоред:
• 08:00-16:00 часот од Понеделник до Петок
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Референт за човечки ресурси“.
Краен рок за поднесување на апликации: 29.08.2025 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.