РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
• Изработка и имплементација на план за безбедност: Развивање и имплементирање на безбедносни протоколи за работниците на површинскиот коп, објектите за преработка на руда и другите организациски единици, вклучувајќи евалуација на ризици, утврдување на безбедни рути за транспорт и работа, и утврдување на одговорности при несреќи;
• Контрола на работните услови: Редовно прегледување на работните услови на рудникот, особено поврзано со прашина, бучава, вибрации и хемикалии, и примена на мерки за минимизирање на штетните ефекти врз здравјето на работниците;
• Следење и инспекција на опремата: Осигурување дека сета опрема е во исправна состојба и одговара на безбедносните стандарди. Вршење редовни прегледи на рударските машини и механизацијата, особено на товарни возила, бушилки и камиони;
• Планирање и изведба на обуки за вработените: Организирање на обуки за работниците за правилно користење на заштитна опрема, како и заштитни мерки при работа. Редовно ажурирање на програмите за обука во зависност од нови стандарди и технологии;
• Проценка на ризици и надзор при активности со висок ризик: Вршење детална проценка на ризиците при активности како минирање и ископување, со фокус на безбедност на вработените и минимизација на опасностите;
• Изготвување и ажурирање на планови за евакуација и прва помош: Развивање на процедури за итни случаи, како и осигурување дека секој вработен е запознаен со правилата за евакуација и дека има пристап до потребните средства за прва помош;
• Контрола и надзор на подизведувачи: Осигурување дека сите надворешни изведувачи и подизведувачи кои работат на територија на концесијата на рудникот ги почитуваат безбедносните прописи и работат во согласност со локалните и националните стандарди за БЗР;
• Следење на законската регулатива и стандардите за безбедност: Континуирано следење на националните закони и интернационалните стандарди за безбедност во рударскиот сектор, и адаптација на локалните протоколи според новите прописи;
• Планирање и управување со лична заштитна опрема (ЛЗО): Обезбедување на соодветна ЛЗО за сите вработени, како и контрола на правилната употреба и редовното заменување на заштитната опрема;
• Изготвување на извештаи и статистики за БЗР: Редовно подготвување извештаи за безбедност и здравје на работното место, вклучувајќи податоци за несреќи, инциденти и превземени корективни мерки, со цел идентификација на области кои треба да се подобрат.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• ВСС (Високо образование од областа – Заштита при работа или Рударски факултет)
• Работно искуство од 3 години
• Уверение за положен стручен испит за стручно лице за безбедност при работа
• Познавање на MS Office;
• Познавање на англиски јазик;
• Способност за тимска работа;
• Возачка дозвола Б категорија;
ШТО НУДИМЕ:
• Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;;
• Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
• Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
• Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Од понеделник до петок во временски период од:
• 08:00 – 16:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Инженер за БЗР и ППЗ”.
Краен рок за поднесување на апликации: 15.11.2024 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.