СДСМ: 919 македонски компании кои добија поддршка од Владата инвестираат 800 милиони евра

октомври 18, 2023
epa06170179 A worker counts Euro banknotes at a money exchange company in Peshawar, Pakistan, 29 August 2017. The Euro jumped against the US dollar on 29 August recording $ 1.2 for the first time in 18 months. EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

„За 6 години Владата предводена од СДСМ со 100 милиони евра поддржа 919 домашни, македонски компании, преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите“, велат од СДСМ.

„Сите овие компании веќе имаат реализирано инвестиции вредни 500 милиони евра, а уште 300 милиони се во фаза на реализација во наредниот период.

Тоа се 800 милиони евра инвестиции од македонски компании, што е еден вид инвестициски бум од домашни компании каков што досега не е забележан.

Ова е уште една силна потврда за исправните економски политики на Владата предводена од СДСМ кои даваат резултат“, соопшти СДСМ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: