Сања Костадинова: Што кога загриженоста излегува од контрола?

февруари 26, 2022

Сања Костадинова – Студентка на постипломски студии по психотерапија на универзитетот во Љубљана.
Насока – Брачна и семејна терапија.

Секојдневните случувања и предизвици со кои се соочуваме сé почесто не спречуваат да го поминеме денот без притоа да бидеме загрижени за нешто. Прашањата кои ни„зујат“ низ глава неретко ни го расипуваат расположението и ни го крадат единствениот момент кој го имаме на располагање – сегашниот.

Иако поголемиот број од тие прашања се речиси смешни и не претставуваат некаков проблем, многу од нив вклучуваат важни егзистенцијални теми. Ќе имаме ли доволно пари на крајот од месецот да ги платиме сметките за струја? Ќе можеме ли да си дозволиме да ги покриеме трошоците за здравствено лекување? Ќе биде ли лекувањето успешно?

Ситуацијава со коронавирусот е само еден од проблемите што стави уште поголем акцент на ваквите прашања и со самото тоа на загриженоста која се буди во текот на процесот на размислување.

Зошто загриженост?

Таа всушност има важна фунцкија во нашите животи. Кога размислуваме за неизвесни или непријатни ситуации нашиот мозок се стимулира. Со тоа што се грижиме на некој начин го смируваме мозокот и сме доведени до ситуација да почнеме да бараме решение или да превземеме некаква акција. Но, кога ќе заглавиме размислувајќи за проблемот/ите –загриженоста престанува да биде функционална.

Како да си помогнеме кога загриженоста излегува од контрола?

Неколку работи кои можат да ни бидат од помош (Harford Country Health Department):

– Издвоете „време за грижи“ – време во кое ќе си дозволите да се грижите за некој проблем (пр. 20 минути). Кога времето ќе истече, свесно пренасочете ги своите мисли.
– Кога ќе забележите дека сте загрижени за нешто, поттикнете се да дојдете до следниот чекор и да превземете акција.
– Запишете ги вашите грижи. Истражувањата покажуваат дека само неколку минути пишување може да помогне да се смират опсесивните мисли.

Запомнете: Загриженоста е корисна само ако води до промена, а не ако се претвори во опсесивни мисли.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ