strumica denes logo

РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ ВЕ КАНИ НА ДЕБАТА ВО СТРУМИЦА НА ТЕМА „ДО КАДЕ СМЕ СО РОДОТ?“

Автор:

Датум:

април 17, 2024

Автор:

Датум:

април 17, 2024

Родителски Фронт на ден 22.04.2024 година со почеток во 19 часот, во големата сала на Домот на културата во Струмица организира дебата на тема ,,До каде сме со родот?”

Заради сензитивноста на темата, поканети се дебатери кои ќе можат доследно и прецизно да одговорат на прашањето содржано во насловот.

Половина од дебатерите го потврдија своето присуство (д-р Петар Марков, Аргирета Атева, Душан Шарановиќ и Ѓорѓи Танушев), додека од останатите сè уште се чека одговор. Во случај на оправдана причина за нивно отсуство, имаат можност да именуваат свој прокси кој во нивно име би дебатирал на оваа горлива и суштествена тема.

Истовремено, Ве покануваме сите кои сакате да ги слушнете аргументите и фактите ЗА и ПРОТИВ родовата идеологија, да бидете дел од публиката.