Објава на Родителски Фронт:
📌Петти Октомври е прогласен за Светски ден на учителот, светилникот на умот на нашите деца. Учителот не е само носител на најблагородната професија туку и носител на најодговорната улога во животот на нашите деца, кој освен тоа што ги просветува, просветлува, најмногу ги инспирира и вдахновува, мотивира и обликува.Учителот го пали огнот на инвентивноста и ја буди креативноста во изразувањето и знаењето. Тие се невидливи добротвори, чиј труд и влог ги видуваме преку целиот живот на детето.
📌Родителот и учителот се важните алки во градењето здрав и сигурен темел во образованието на нашите деца.
💯Драги учители, РФ ви го честита денот кој треба да е потсетување на важноста на улогата на вашата професија, на потребата да се постави вашата значајност на пиедестал во општеството но истовремено и нужноста од ваша подготвеност и одговорност да бидете секогаш на страна на интересите и приоритетите на децата и родителите. Да бидеме заедно на фронтот во првите редови во евентуални обиди за влез на неподобни и штетни идеологии во образованието и училиштата. Вратата на образовните институции да остане отворена само за здрави и научни програми и концепции поддржани од огромно мнозинство родители и граѓани.