strumica denes logo

Роботи им помагаат на вработените во болница во Словенија

Автор:

Датум:

јануари 21, 2023

Категории:

Наука, Свет, Струмица

Автор:

Датум:

јануари 21, 2023

Категории:

Наука, Свет, Струмица

Општата болница во Словењ Градец, Словенија, доби нов робот, кој заедно со својот претходник им помага на вработените во физички задачи што се прилично потешки.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Станува збор за ист робот како тој што веќе се користи во болницата, а е донација од компанијата „Виптроник“ и австрискиот „Суметцбергер“. Моментално и двата роботи се наменети за превоз на фармацевтски материјал, а вредноста на донацијата е неколку илјади евра.

Изгледот и функционалноста на новиот робот се идентични како на неговиот претходник, кој болницата го нарече „Девџеј“ и го користи веќе неколку месеци. Роботите ќе ја вршат истата работа, а тоа е превоз на фармацевтски материјал од болничката аптека до некои одделенија. Еден робот може да превезе до 250 килограми товар.

– Донацијата помага во реализацијата на визијата што ја има општата болница во Словењ Градец, а тоа е дигитализација или роботизација на болницата. Технолошките трендови и иновации се двигател на развојот и конкурентноста, но и нови предизвици кои ќе ги подобрат условите за работа и безбедноста на работното место, со цел да се подобри медицинската грижа за пациентите – велат од болницата.

Раководството на болницата истакнува дека сака да ги приспособи работните процеси на вработените за да не им недостига време за непосредна работа со пациентите, а истовремено да ги ослободи од тешка физичка работа како транспорт на медицински материјал, храна и отпад.