Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
ОПШТИНА СТРУМИЦА ГИ ИМА НАЈСКАПИТЕ АВТОБУСИ, КЛУПИ И КОНТЕЈНЕРИ ВО ДРЖАВАТА, НАЈСКАП ПАЗАР, ТРОШИ НАЈМНОГУ ЗА ПОТРОШЕНА ВОДА ЗА ЈАВНИ ЧЕШМИ, ИМА СКАПА ГАСИФИКАЦИЈА СО МАЛ ЕФЕКТ
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не е против проектите кои може да бидат од интерес на граѓаните, како што сакаат да не прикажат нашите политички опоненти.
Во програмата за локалните избори во 2021, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Струмица понуди и се залага и за јавен превоз, и за гасоводна мрежа, и нови клупи, контејнери, смарт-чешми, нови пазари.
Тоа што е различно со истите проекти на СДСМ во Струмица е нивната финансиска конструкција која отвара сомнежи за проневерени средства и недомаќинско работење.
Па така Општина Струмица набави:
– електрични автобуси од 700.000 евра, најскапа јавна набавка во Европа
– нов градски пазар од 5 милиони евра, најскап во Македонија
– Клупи од 1500 евра и жарденери од 2000 евра најскапи во државата
– Полуподземни контејнери 8000 евра, најскапи во државата
– Програма Ј1 – трошење на вода за јавни чешми, паушална фактура кон општината 20 милиони денари годишно – најмногу во државата
– Мрежа за гас – потрошени 3 милиони евра за 13 години, за 200 активни корисници.
Граѓаните на Општина Струмица плаќаат даноци и комуналии за развој на општината, не за мегаломански проекти со нелогични финансиски конструкции.
Потребни се промени во Општина Струмица!