Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
КУКЛИШ ВЕЌЕ 5 ДЕНА Е БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
И додека Костадинов со Филипче парадираа по Струмица со најскапите автобуси во Европа, Општина Струмица селото Куклиш го остави 5 дена без вода за пиење и не се знае уште колку денови ќе трае оваа состојба.
Додека аздисуваат по најскапите клупи во државата и најскапите автобуси во Европа, Куклиш на неколку километри од центарот на Струмица нема основни услови за живот.
Без известувања од ,,Комуналец” дека ќе дојде до прекин на водоснабдувањето, без известување дека цела недела ќе останат жителите без вода, Куклишани се оставени сами на себе во неизвесност.
Советничкита група на ВМРО-ДПМНЕ слушајки ги предлозите на жителите на Куклиш неколку пати реагираше и поднесуваше амандмани за проблемите во Куклиш, кои за жал на ироничен начин беа одбиени од градоначалникот.
Времето на неодговорното владеење на СДСМ со Општина Струмица полека изминува, а ќе бидат запаметени по тоа дека личниот профит им е пред интересите на струмичани.