Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово:
Тампонирање на полски пат во Сарај во должина од 650m и ширина од 4m.
На барање на граѓаните на Сарај во наредниот период ќе се тампонира полски пат кој води од Сарај кон Пиперево и Доброшинци.
Врз основа на претходно поднесена апликација и проект, денес добивме решение од АФПЗРР со кој се одобруваат 999.044 денари, без ДДВ, за тампонирање на наведениот полски пат во должина од 650 метри и ширина од 4 метри. Деновиве ќе се распише тендер, а во месец Март или Април се очекува започнување со активностите на терен.
Постепено, но сигурно се движиме во посакувана насока.