Home

Perdormire
Струмица

РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА: СТРУМИЧАНИ ОД НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НАЈМНОГУ САКААТ ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА, ДУПКИТЕ НИЗ УЛИЦИТЕ И ДА БИДЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СИТЕ ГРАЃАНИ!

Home

Анкетата на Струмица Денес „ШТО ОЧЕКУВААТ СТРУМИЧАНИ ОД НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ?“ ја прегледале околу 60.000 граѓани а коментирале околу 300. Најбројни коментари се оние за проблемот со кучињата скитници во Струмица и решавањето на истиот проблем, а втор најголем проблем се дупките низ улиците во градот и селата. Во продолжение дел од коментарите:

1. ОЧЕКУВАМ ПОЧЕСТО ДА ГИ КОНТРОЛИРА ВРАБОТЕНИТЕ ПО КАНЦЕЛАРИИТЕ КОИ ТРИ ГОДИНИ СПИЈАТ А ЕДНА РАБОТАТ.
2. ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ТРОТОАРИТЕ ОД ДИВИТЕ ПРОДАВАЧИ.
3. УЛИЦАТА ОД КИНОТО ПА ДО ЦРКВАТА СВ.КИРИЛ МОРА ИТНО ДА СЕ АСФАЛТИРА ПОНОВО.
4. ДА НЕ БИДЕ ПОЛИТИЧАР, ТУКУ ДОБАР МЕНАЏЕР.
5. НОВ АСФАЛТ НИЗ СИТЕ УЛИЦИ ВО СТРУМИЦА.
6. ДА ГО СРЕДИ ИСКРИВЕНИОТ КРУЖЕН.
7. ДА СЕ ВОВЕДЕ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ.
8. ТРОТОАРИТЕ ДА БИДАТ САМО ЗА ПЕШАЦИТЕ.
9. ДА СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ДО ТРИ ВОДИ.
10. ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА.
11. БЕСПЛАТНИ ПАРКИНГ МЕСТА ВО СТРУМИЦА.
12. КАНАЛИЗАЦИЈА И ВОДОВОД ТАМУ КАДЕ УШТЕ НЕМА.
13. ДА СЕ ОСВЕТЛАТ УЛИЦИТЕ КАДЕ НАЈМНОГУ СЕ СЛУЧУВААТ СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ И УМИРААТ ЛУЃЕ.

14. ДА СЕ НАЈАДЕ ПРЕД ДА СЕДНЕ НА СТОЛЧЕТО И ДА НЕ БИДЕ ГЛАДЕН ЧЕТИРИ ГОДИНИ.