РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА: Погледнете ги најдобрите коментари од анкетата – ШТО НАЈМНОГУ И НЕДОСТАСУВА НА СТРУМИЦА, А ШТО ТРЕБА ДА СЕ ОТФРЛИ?

јуни 23, 2021

НАЈДОБРИТЕ КОМЕНТАРИ ОД АНКЕТАТА „ШТО НАЈМНОГУ И НЕДОСТАСУВА НА СТРУМИЦА, А ШТО ТРЕБА ДА СЕ ОТФРЛИ“ ?

1. Фалат велосипедски патеки и култура на возачите на се’ она што е моторизирано.

2. Фали да се доврши стариот театар. Центарот да се преуреди и да има детско катче. На младите им фали скејтерско игралиште, низ светот тоа е во мода.

3. Да бидат исфрлени казината што побргу надвор од Струмица.

4. Луна парк или Зоолошка градина.

5. Фали да се презема еколошка акција за почист воздух, помалку отпад. Да не се вози мотори, а повеќе велосипеди.

6. Стационар за кучињата скитници.

7. На Струмица и фали цветен пазар.

8. Фали театар.

9. ФАЛИ ХЕЛИКОПТЕР. СИТЕ ПОВРЕДЕНИ И БОЛНИ ИТНО ДА СЕ ПРЕНЕСУВААТ ВО СКОПЈЕ ЗА МНОГУ БРЗО ВРЕМЕ.

10. Градски вециња.

11. Фалат машини што ќе ги чистат улиците на Струмица и тротоарите. Доста е од метлите кои ништо не чистат.

12. Голем старечки дом.

13. Ни фали поубава канализација!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ