ЗА ПОВЕЌЕ РЕЦЕПТИ ЗАСЛЕДЕ ГО ИНСТАГРАМ ПРОФИЛОТ @brzi.i.vkusni.recepti
Потребни состојки:
– пилешки стек 🐔
– свежи шампињони 🍄
– кромид 🧅
– лук 🧄
– пармезан 🍚
– павлака за готвење 🥡
– брашно
– бело вино
– путер 🧈
– зачини: сол, црн пипер, кари сос
Начин на подготовка:
🐔 Пилешкиот стек ставете го на хартија за печење и зачинете го со сол, црн пипер и кари од двете страни и исчукајте го, а потоа увалете го во брашно и рендан пармезан.
🥘 Испржете го на путер од двете страни убаво.
Откако ќе го испржите стекот, извадете го настрана а во истата тава пропржете ги шампињоните, кромидот и лукот. Потоа додадете, црн пипер, кари и бело вино и продинстајте.
🥡 На крај додадете павлака за готвење и оставете да се крчка некоја минутка.
🍽️ Откако ќе биде готово во сосот додадете го и пилешкиот стек и промешајте да се соедини, а потоа сервирајте.
Видео:
View this post on Instagram