Потребни состојки :
– зелка
– ориз 🍚
– мешано мелено месо
– кромид
– морков 🥕
– оцет
– зачини:сол, црн пипер, вегета, буковец, ловоров лист
Начин на подготовка :
🍲 Зелката ставете ја во тенџере со вода и оцет да се подвари околу половина час.
🥕 Во загреана тава со масло ставете ги насецканите кромид и морков да се пропржат.
Кога ќе омекнат додадете го меленото месо, со сол и црн пипер и промешајте.
🍚 Откако ќе се пропржи додадете го оризот, буковец и вегета и промешајте да се соединат состојките околу 1-2 минути.
🥘 Во земјен сад или грне најпрво ставете листови од подварената зелка, потоа ред од смесата со ориз и месо, па пак листови зелка и се така додека имате смеса.
🕥 На крај, ставете топла вода и неколку ловорови листови, поклопете со намокрена хартија зз печење и капак и печете околу 40 мин во фурна на 230 степени. 😁 Пред крај, тргнете ги капакот и хартијата да се запече убаво.
Видео: