РЕЦЕПТ НА „БАЛКАН ТВИСТ“: Канелони полнети со сирење и маслинки

јули 3, 2023

Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!

 

Потребни состојки:

– тортиљи или канелони
– сирење
– кашкавал 🧀
– маслинки 🫒
– лук 🧄
– јајце 🥚
– домати во конзерва 🥫
– босилек
– зачини: сол, црн пипер, чили, шеќер, оригано , вегета 🧂

Начин на подготовка:

🔪 Босилекот насечете го на ситно.
🥫 Доматите од конзерва ставете ги во тава и испасирајте ги. Во нив додадете го лукот, босилекот, сол, црн пипер, оригано и малку шеќер. Оставете да се крчка.
🥣 Во меѓувреме, во длабок сад со виљушка, надробете го сирењето и во него додадете ги насецканите маслинки, јајцето, ренданиот кашкавал и чилито и промешајте.
🫕 Во врела вода со малку вегета ставете ги лазањите да омекнат буквално 1 минутка.
🥄 На секоја лазања ставете по една кажица од филот со сирење и замотајте како канелони.
🥘 Во сад за печење, ставете прво од сосот со домати, наредете ги канелоните, покријте со останатиот сос од домати, додадете филџан од водата со вегета и рендан кашкавал.
🕚 Покријте со фолија и печете половина час на 250 степени. Пред крај отстранете ја фолијата.

Видео:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ