Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Струмица. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:
СДСМ Струмица во паника поради бројните кривични пријави против нивни функционери!
СДСМ Струмица се наоѓа во очајничка паника, откако изминативе денови јавноста беше сведок на вистински бран кривични пријави поднесени против поранешни и актуелни функционери поврзани со нивната партија. Наместо да понесат одговорност за своите дела, СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста преку обвинувања и инсинуации кон државни институции кои сега, за првпат по долго време, функционираат професионално, независно и во интерес на граѓаните.
Во јавноста видовме дека во изминатиот период се поднесени кривични пријави за:
поранешниот директор на ЈПКД „Комуналец Струмица“
поранешниот директор на КПУ „Затвор Струмица“
директорот на ОУ „Маршал Тито“ Струмица
поранешниот градоначалник на Општина Богданци
референт во ЈП „Македонски шуми“ – ПШС Беласица Струмица
директорка на ОУ во с. Ново Село!
директорот на ЈП „Комунална чистота“ – Гевгелија
Дополнително, деновиве во медиумите видовме дека дури и поранешни членови на СДСМ поднесуваат кривични пријави против корумпирани директори од СДСМ.
Исто така бевме сведоци, како висок функционер на СДСМ и СДММ е приведен за трговија со дрога.
За разлика од времето на СДСМ, кога началници и институции отворено учествуваа во партиски собири и беа продолжена рака на локалната власт, денес службите работат професионално и соработуваат со сите општини, институции и медиуми, без оглед на политичката припадност. Особено СВР Струмица, предводено од актуелното раководство, бележи едни од најдобрите резултати во борбата против криминалот во државата.
СДСМ Струмица треба да ja погледне вистината во очи, граѓаните ги препознаваат како дел од криминална мрежа која со години ја уништуваше државата. Наместо клевети, време е за реформи во нивните редови и соочување со правдата.
Криминалните структури мора да одговараат пред законот.
ВМРО-ДПМНЕ Струмица ќе продолжи да ги поддржува сите институции кои работат во интерес на граѓаните, без притисоци, селективност и партиски диктати. Граѓаните заслужуваат отчетност, правда и вистински напредок, нешто што СДСМ очигледно не може да го понуди.