Реакција на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:
Почитувани Ве молиме да ја пренесете следнава Реакција на Општински Комитет до јавноста.
Градоначалникот Костадин Костадинов соочен со силно несогласување од граѓаните за профитерскиот ГУП, неосновано манипулира со јавноста за работата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, но и со фактите од самиот ГУП.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ иструкции добива единствено од граѓаните на Општина Струмица.
Профитерскиот ГУП нема да помине бидејќи граѓаните несакаат истиот да биде усвоен.
Костадинов пред медиумите ги извртува очигледните работи. Имено или не е доволно информиран или пак свесно тврди дека во Струмица постои тешка индустрија.
Костадинов го губи компасот за раководење со Општина Струмица.
Во последно време соочен е со слабиот рејтинг помеѓу струмичани. Лоши се извештаите за транспарентноста од невладиот сектор, постојат идикации за неправилности во финасиското работење, нереализирање на проектите и сега последно профитерскиот ГУП.
Потребни се промени во Струмица. Потребно е да се стави крај на ова неодговорно однсување на локалната власт на СДС за кое сме сведоци веќе 20 години.