Animal Lovers – Strumica:
Реакција по повод загрозената безбедност на граѓаните и животните во општина Струмица поради расфрлани отровни супстанци на јавни површини.
Во изминатите две недели граѓаните на градот Струмица се сведоци на организирано труење на бездомни животни преку рафрлање отров на јавна површина.
Граѓаните не само што се секојдневно изложени на оваа болна, емоционална глетка во која што животни умираат на најгрозоморен начин, туку истите отрови на улиците се оставени до телата на настраданите животни, во близина на уличишта, паркови, улици, дури и центарот на градот каде што има фреквентно движење на луѓе.
Можеме со лесност да заклучиме дека симптомите при умирањето на животните индицираат дека станува повторно збор за отровот Ланата, кој како кај животните така и кај човекот се манифестира со главоболка, гадење, вртоглавици, зголемено лачење плунка, мускулна слабост, тремор, грчеви, некоординирани движења, стомачни грчеви, до замаглување или целосно губење на видот, смрт. Овие пестициди можат да се апсорбираат и само преку вдишување и можат да доведат до целосна парализа на нервите. Имајќи ја во предвид сериозноста на последиците од овој отров, запрепастени сме од тишината и незаинтересираноста на Градот и институциите, за откривање на сторителите на овие дела.
Во јавноста одамна е познато дека дете кое што питачеше по скопските улици, беше најдено мртво откако дојде во допир со храна помешана со отровот Ланата која несовесен граѓанин ја оставил покрај контејнер се со цел да се реши од бездомните кучиња.
И судската пракса на највисоката судска инстанца, Врховниот суд, има потврдено дека отровот Ланата во кривично-правна смисла ги исполнува законските претпоставки на кривичното дело од член 288 на Кривичниот Закон. Иако поединци и нашето здружение “Animal Lovers “апелираат до општината и МВР да се преземат соодветни дејствија со цел да се спречи понатамошно загрозување на општата безбедност, од Градоначалникот, општината и полицијата НЕМА НИКАКВА РЕАКЦИЈА. Фактот дека труењата се случуваат истовремено и синхронизирано, потоа непостапувањето на надлежните ,проследено со информации за избришани записи од безбедносните камери од локалите во непосредна близина на местата каде што беше расфрлан отров,не води да веруваме дека удел имаат и одредени институции кој што по сила на законот се должни да водат грижа за контрола на популацијата на бездомните животни.Па така наместо ветениот хуман третман,жиботните и ние граганите добиваме живото-загрозувачки третман.
Упатуваме уште еднаш апел до Градоначаникот на Струмица – #КостаКостадинов, да се одважи на своите објави во кои наведува дека ги сака животните и уште повеќе луѓето и да покрене акција за утврдување сторителот на овие кривични дела во кои токму ние граѓаните во градот Струмица страдаме најмногу, како емоционално така и физички стапувајќи во контакт со отровот.
Зарем потребни се човечки жртви за да институциите се заинтересираат за безбедноста на граѓаните и животните во својата општина од чии даноци се платени?
Во прилог ги доставуваме сликите од објавите на граѓаните кои веќе се сведоци на грозоморните убиства.