Реакција на Советничка група на Вмро-Дпмне, ОК Струмица:
Додека улиците на Струмица се распаѓаат, депониите растат, градоначалникот Костадин Костадинов секојдневно не’ убедува на социјалните мрежи дека живееме во некаков урбан рај. Со помош на ChatGPT, тој се обидува да создаде илузија на прогрес, пишувајќи си пофалби кои повеќе наликуваат на евтин маркетинг отколку на реални резултати.
Наместо решавање на проблемите на граѓаните, Костадинов се занимава со градење на сопствениот дигитален култ на личноста.
Секој ден нов статус, нова фотографија, нов „успех“, додека реалноста зборува сосема поинаква приказна: неуредени тротоари, нефункционални улични светилки, неисчистени јавни површини и сѐ поизразена негрижа кон потребите на обичниот граѓанин.
Градоначалничката функција не е платформа за самопромоција, туку обврска и одговорност. Социјалните мрежи не можат да ги сокријат празните ветувања и запоставените населби.
Времето на егоизам и самопофалби помина. Граѓаните сакаат дела, не статуси.
Потребни се промени во Општина Струмица!
***
Сликата е создадена со AI генератор!