Анализите на површината на Месечината, особено областите наречени стаклени бисери, укажуваат на постоење на огромни резерви на вода, според научниците.
Малите области наречени стаклени бисери расфрлани по површината на Месечината може да содржат милијарди тони вода што астронаутите би можеле да ја црпатат и да ја користат во идните мисии на Месечината, велат истражувачите, пишува Гардијан.
Откритието се смета дека е едно од најважните досега за вселенските агенции фокусирани на градење бази на Месечината, бидејќи тоа значи дека Месечината може да има многу достапен извор не само на вода, туку и на водород и кислород.
-Ова е едно од највозбудливите откритија што сме ги направиле. Со овие наоди, потенцијалот за одржливо истражување на Месечината е поголем отколку што бил досега – изјави Махеш Ананд, професор по планетарни науки и истражување на Отворениот универзитет во Обединетото кралство во близина на Лондон.
Повеќе од половина век откако луѓето последен пат оделе на Месечината, НАСА и другите вселенски агенции се подготвуваат да се вратат на Месечината.