РАЗЛИКАТА Е ДВОЈНА: ОБЈАВЕНА НОВА АНКЕТА НА КОЈА ВМРО-ДПМНЕ И ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ УБЕДЛИВО ВОДАТ!

јуни 24, 2023

Македонските граѓани сакаат промена на власта и тоа го покажуваат анкетите последнава година, а особено последниве 3-4 месеци. На анкетите, граѓаните јасно изразуваат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а драстично опаѓа поддршката за СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ во убедливо водство со 22%, односно скоро дупла разлика пред СДСМ кои имаат 11,5% доверба од испитаниците рекле дека ќе гласаат за нив, според најновата анкета. ДУИ има 9,2 отсто, за Левица 5 %, Алијанса за Албанците 3,5 отсто. Ова го покажуваат резултатите на анкетата на МКД.мк спроведена од агенцијата Маркет вижн од 5 до 16 јуни.

Половина од испитаниците или 51,9% сметаат дека формирање на коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би било добро за Македонија, додека само 30,7% веруваат дека истата би можела да функционира успешно. нЗа гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, најмалку прифатлива опција е коалицијата на нивната партија со ДУИ, при што дури 70,7% се изјасниле против оваа можност.

Анкетирањето беше спроведено од 5 до 16 јуни 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со ниво на статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ