Расте бројот на повредени граѓани поради пад од електричен тротинет

август 26, 2023

Зголемен бројот на пациенти во ургентниот центар во „8 септември“ кои завршиле со скршеници по пад од електричен троитениет.

Докторите од центарот велат дека најчесто сите со потешки телесни повреди на рацете, нозете и главата. Како причина за тоа е невниманието при возењето носење слушалки, нерпилагодено движење во сообраќајот и не носење заштитна опрема. Како причина се и високите температури на кои изложени управувачите на тротинети.

Зголемување има и во сообраќајните незгоди уморни возачи но и возчаи во вечерните часови кои направиле сообраќајка поради високи промили на алкохол во крвта. Доктор Алексов обајснува дека во итната помош дневно има и до 180 прегледи. Најчетсто тука се носат пациенти со итна природа како сообраќајки, итни здравствени состојбу. Тој апелира до граѓаните дека разбира дека со топлото време се случуваат граѓаните да имаат главоболки, проблеми со притисок но апелира граѓаните да одат во поликлниките или да се консултираат телефонски најпрво со докторите од брзата помош.

Бројките за зголемени интервенции од страна на докторите ги потврдуваат и од МВР. Во вчаршните сообраќајни контроли биле изречени 352 казни, од кои 108 возеле над дозволената брзина.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ