РАКЕТАТА ЗА МАРС СТОИ НА ЛАНСИРНАТА РАМПА: Илон Маск ja претстави ракетата која ќе ја освои црвената планета!

март 27, 2022

Ракетата е веќе на лансирната лампа, но државните регулатори и FAA (Сојузната управа за цивилно воздухопловство во САД) мора да дадат „зелено светло“. Маск постираше слики од леталото кое ќе има 39 моќни „Раптор“ мотори.

„Старшип“ или по нашки „вселенски брод“ се вика ракетата со која милијардерот Илон Маск планира да замине за мисија на Марс, но иако за мисија е уште рано, ракетата е подготвена за тестирање и, ако сѐ оди по планот, ќе ја заобиколи Земјата во едно пробно летање во месец мај. Маск постираше слики од леталото кое ќе има 39 моќни „Раптор“ мотори, пишува Футуризам.

Ракетата е веќе на лансирната лампа, но државните регулатори и FAA (Сојузната управа за цивилно воздухопловство во САД) мора да дадат „зелено светло“, а конечниот извештај се очекува на 28 март.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ