Со цел решавање на идентификувани проблеми и прашања за зајакнување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, во организација на МВР-СВР од Струмица, со поддршка на Локалниот совет за превенција од општина Струмица, се одржа работна средба на Советодавна група на граѓани. Иницијативата за оваа работна средба е произлезена од едукативните предавања реализирани во средните општински училишта, преку изразениот интерес за поголема безбедност на учениците во организираниот училишен превоз. На работната средба присуствуваа претставници од општина Струмица, општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, испитниот центар за возачи, фирмата превозник, сообраќајни инженери и инспектори, како и претставници од средните општински училишта. Меѓу другите заклучоци, беа утврдени повеќе приоритети, со заложба општина Струмица да обезбеди техничка документација за автобуски стојалишта околу средните училишта, од страна на МВР да се врши зголемена контрола на местата кои се со поголема фреквенција во сообраќајот во периодот на започнување и завршување на наставата, како и повремени контроли од сообраќајните инспектори на превозните средства со кои се превезуваат учениците.
Работна средба на Советодавна група на граѓани, за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот
Во Извештајот на Европската Комисија се нотира дека Врховниот суд под покровителство на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, презел…
ЕУРО ДИСТРИБУЦИЈА-СТРУМИЦА ВРАБОТУВА ШОФЕР СО ПОЛОЖЕНА Ц КАТЕГОРИЈА!
Еуро Дистрибуција – Струмица има потреба од шофер со положена Ц категорија! Телефон за информации и пријавување: 070 748 399
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ВРАБОТУВА ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ ЗА РАБОТА ВО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ!
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ДООЕЛ вработува ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ за работа во сметководство и финансии. Потребни се следниве квалификации: - ЗАВРШЕНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ -…
Денес се празнува Чудата на светиот Архангел Гавриил
Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и…
Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра,…
Министерството за финансии информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена…