ПРОТЕСТ НА ССМ: „БЕЗ ЛИХВАРИ, ГАЗДИ И БАНКАРИ МОЖЕМЕ, БЕЗ РАБОТНИЦИ НЕ МОЖЕМЕ“

мај 2, 2022

„Без пари нема работа“, „Зголемување на плата 2 806 денари веднаш за сите“, „Без лихвари, газди и банкари можеме, без работници не можеме“, „Договори за вработување на неопределено време“, „Стоп за мобинг“, се само некои од пораките на вчерашниот првомајски протест што го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Протестот почна пред зградата на ССМ, а продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и заврши пред Владата каде беа упатени барањата на работниците.

На протестот беа присутни членови на ССМ од повеќе градови – Куманово, Неготино, Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Велес,…, а предводник беше претседателот на Сојузот, Дарко Димовски.

„Додека ти се подготвуваш за пикник, колегите одат да се борат за твоите права“ беше слоганот под кој се мобилизираше членството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за вчерашниот првомајски протест.

ССМ со протестот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ