ПРОНАЈДЕНИ ПОВЕЌЕ ПАКУВАЊА КОКАИН ВО СТРУМИЦА – ЕДНО ЛИЦЕ Е ПРИВЕДЕНО!

август 22, 2022

На 20.08.2022 во 23.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.И.(47) од с.Добрашинци, струмичко. При преглед кај него и во неговото возило „шевролет“, како и при преглед на теренот на излезот на Струмица кон Валандово биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин. Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени едно пакување кокаин и други предмети поврзани со делото. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ