Студентката на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела, државјанка на Албанија, која беше пријавена за исчезната, е пронајдена во близина на хотелот „Белви“ и е во добра здравствена состојба, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
– Во врска со настанот што ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба, објави на Фејсбук“ министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски.