Во текот на оваа седмица, односно во периодот од 3 март па се до 10 март нашата Македонија ќе биде во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој ќе условува стабилно, суво и претежно сончево време. Меѓутоа, од среда (5 март) нашата Македонија ќе подпадне под влијание на значително потопла воздушна маса од југ која ќе услови голем пораст на максималните дневни температури на воздухот, и истите ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината.
ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Од среда се очекуваат температури дури и до 23 степени целзиусови!
