Продолжува штрајкот во училиштата и градинките во Република Македонија!

април 21, 2022

Претседателот на СОНК Јаким Неделков, вчера, по седницата на Советот, на која беа анализирани заклучоците од завчерашната седница на Владата, најави дека штрајкот ќе продолжи сѐ додека не се постигнат договори со МОН и МТСП и додека не биде потпишана спогодба со која ќе бидат опфатени сите спорни прашања.

Продолжува штрајкот на вработените во училиштата и градинките. Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ги отфрли заклучоците на Владата. Од Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика побараа СОНК уште еднаш да ја преиспита одлуката, да го стават штрајкот во мирување и да ги интензивираат преговорите и наместо личните во преден план да ги стават интересите на децата и учениците за пристап до образование.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков, вчера, по седницата на Советот, на која беа анализирани заклучоците од завчерашната седница на Владата, најави дека штрајкот ќе продолжи сѐ додека не се постигнат договори со МОН и МТСП и додека не биде потпишана спогодба со која ќе бидат опфатени сите спорни прашања. Тој повика на интензивирање на преговорите со конструктивни предлози и час поскоро, како што рече, да се усогласат ставовите.

Советот на СОНК констатирал и дека „одредени министри се обидуваат упорно да ги заплашуваат штрајкувачите дека ќе им бидат скратени дневниците во деновите на штрајк“ и тоа го смета за обид за спречување на штрајкот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: