ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Неработен Велики петок и понеделникот по Велигден

април 13, 2023

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 14 април, Велики Петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Вториот ден на велигден, понеделник 17 април е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ