strumica denes logo

ПРИВЕДЕНО ЕДНО ЛИЦЕ ОД СТРУМИЦА – ПРОНАЈДЕНА РОБА БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА!

Автор:

Датум:

февруари 17, 2025

Автор:

Датум:

февруари 17, 2025

Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско извршиле контрола на товарно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(59) од Струмица.

Како што соопшти денеска МВР, при контролата во возилото биле пронајдени и одземени вкупно 672 парчиња брендирана роба за која не поседувал соодветна документација.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 285 од Кривичниот законик.