Приведено едно лице од Смоларе – Украл пари од комшијата!

декември 9, 2021

Вчера, во 10.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М. Ј. (31) од с. Смолари, општина Ново Село.

Тој се сомничи дека на 7.12.2021, околу 20 часот, одзел пари од куќата на З. М. (56) од с. Смолари.

Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а М. Ј. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ