strumica denes logo

ПРИВЕДЕН 29 ГОДИШЕН СТРУМИЧАНЕЦ – ВО ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ШТИП, ПОЛИЦИЈАТА КАЈ НЕГО ПРОНАЈДЕ БЕЛА ПРАШКАСТА МАТЕРИЈА!

Автор:

Датум:

мај 3, 2025

Автор:

Датум:

мај 3, 2025

Полициски службеници од СВР Штип во содејство со инспекциски служби од Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, по претходно изготвен план, вчера и денес (02/03.05.) во периодот од 22,00 до 01,00 часот извршија акциска контрола во угостителски објект во Штип. Притоа во објектот е затекнато 17 годишно малолетно лице од Штип кое што во угостителскиот објект консумирало алкохолен пијалок, за што ќе следат соодветни поднесоци.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Исто така при контролата од страна на полициските службеници кај лицето А.С. (29) од Струмица посетител на објектот е пронајдена и одземена една зипер кесичка со Н.Н бела прашкаста материја, лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно чл. 215 од КЗ на РСМ.

Воедно утврдено е дека обезбедувањето на угостителскиот објект ја извршувала дејноста без потребните лиценци утврдени со закон, а пак од страна на инспекторите од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи констатирани се недоследности од нивна надлежност за што изречени се соодветни мерки.