Ова е уште една емотивна сторија, која има среќен крај! Имено, ВД директорот на ЈПЗБК “Лана” Струмица, Томе Михаилов, шетајќи се оваа зима со своите колеги во струмичкиот парк фатиле неколку кучиња, меѓу кои бил и “Јосе”, кучето со мил поглед – коe благодарение на директорот Михаилов му се “насмевна” среќата. Имено, веднаш потоа Михаилов заедно со своите колеги го средиле ова слатко кученце, и продолжиле да се грижат за него. Меѓутоа, на слаткиот мил поглед на “Јосе” не останал рамнодушен никој, па дури и директорот Михаилов, кој го зел кучето во својата прегратка, направил слика со него, и истата слика ја ставил како профилна слика на неговата официјална страна на социјалните мрежи.
Токму на таа слика, “Јосе” го забележале двајца наши сограѓани кои живeат во Германија, при што веднаш го исконтактирале директорот Томе Михаилов и пристигнале во Македонија за да го вдомат ова слатко кученце кое ги освоило “на прв поглед”. Сега Јосе живее во својот нов дом во Германија, откако пропатува скоро 2000 километри од нашата земја до далечната Германија.
“Ова нека биде бајка која треба да разбуди чувства кај секој од нас, чувства кои треба секогаш во нашите срца да оставаат простор и за овие кучиња кои секојдневно ги гледаме насекаде и ги викаме бездомни, а сите тие, длабоко во своите срца копнеат по свој дом, копнеат за свое семејство и љубов како и сите” – порача в.д. директорот Томе Михаилов.




























