ПРИ ПРЕТРЕС ВО ДОМОТ НА 29 ГОДИШЕН СТРУМИЧАНЕЦ ПРОНАЈДЕНА Е МАРИХУАНА И МАСЛО ОД КАНАБИС!

декември 21, 2022

На 20.12.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.И.(29) од Струмица. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и масло од канабис. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: