strumica denes logo

Претседателот на Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ најави голема победа на локалните избори – „Штабовите се полни со луѓе“, напиша Дрвошанов!

Автор:

Датум:

мај 12, 2025

Автор:

Датум:

мај 12, 2025

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица започна со отворање на просториите на своите месни комитети низ градот, со цел обезбедување простор за работа, средби и непосредна комуникација со граѓаните. Ова го соопшти претседателот на партискиот огранок во Струмица, Жан Дрвошанов.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според него, подготовките за претстојните избори се во полн ек, а партиските штабови се полни со членови и поддржувачи кои секојдневно работат на терен. Дрвошанов истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на директни средби со граѓаните, организирање состаноци и активно идентификување на проблемите со кои се соочува локалното население.

„Ги покануваме сите наши сограѓани да ги посетат нашите месни комитети, присутни во сите месни заедници. Заедно да ги откриваме проблемите и заедно да бараме решенија“, порача Дрвошанов.

Вечерва, партиската делегација беше присутна на отворањето на просториите на Месниот комитет 2/1 на улицата Младинска. Таму, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се чувствуваше позитивна енергија, очекување на победа и верба во промени за Струмица.