strumica denes logo

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СТРУМИЦА СЕ СРЕТНА СО МАЛАТА ХЕРОИНА СТЕФАНИ ПЕТКОВСКА КОЈА ЈА ДОНИРАШЕ СВОЈАТА КОСА ЗА ДЕЦАТА БОЛНИ ОД РАК!

Автор:

Датум:

април 11, 2023

Автор:

Датум:

април 11, 2023

По објавата на Струмица Денес за нашата мала хероина Стефани Петковска која ја донираше својата коса за изработка на перики за децата болни од рак, вчера во Струмица во просториите на Europe House ја посети и претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски. Претседателот напиша дека нејзиниот храбар храбар пример е мотив за сите нас да помагаме.

„Со младата хероина од Струмица, шестгодишната Стефани Петковска која ја донираше својата коса за изработка на перики за децата болни од рак.Нејзиниот храбар пример е мотив за сите нас да им помагаме на ранливите групи и особено на децата кои се соочуваат со тешки болести, со цел полесно да ги надминат состојбите.“, стои во објавата на Пендаровски.