Претрес во Струмица, пронајдена марихуана, приведен дилер

април 9, 2022

Полициски службеници од СВР Струмица вчера го лишиле од слобода А.Ф.(32) од Струмица. При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, како што соопшти МВР, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: